Salih Baran
16 Август 2016•Ажурирај: 16 Август 2016
ЕДИРНЕ (AA) - Шевки Килич е собирач на отпад од западниот турски град Едрене. Тој поради тешката материјална ситуација немал можност да се школува во младоста. Така, денес, на 72 години се запиша на факултет, пишува Anadolu Agency (AA).
Килич отсекогаш имал желба да се образува и да биде користен за заедницата, но за жал, сиромаштијата и неговата тешка материјална состојба не му го дозволувале тоа. Тој веќе е 72-годишен старец кој живее од собирање отпад, но и покрај тоа, покажа колку е истраен во својата љубов кон образованието. Иако се наоѓа во осмата деценија од својот живот, Килич денес стана студент на историја при Универзитетот Тракија во Едрене.
Документите на Килич за упис на факултет ги примил ректорот на Универзитетот Тракија, проф. д-р Ерхан Табакоглу. Во таа пригода, ректорот истакнал дека за образование не се битни годините, и му посака на Килич многу успех во студирањето.
Ниту Килич не го криеше задоволството поради фактот што станал студент по историја, тој му се заблагодари на ректорот Табакоглу. Килич за себе вели дека се чувствува бескорисно ако во денот не прочита барем 50 страни од книга.
Килич отсекогаш бил упорен да се образува, но на тоа влијаеле и надворешните фактори, а за тоа сведочи фактот што тој на 40 години се здобил со диплома од средно училиште.
Она што исто така е интересно е тоа што Килич во три наврати ги положил приемните испити на универзитетите во Истанбул, Карабук и во Киркларели. Но со оглед на тоа што за овие студии би морал да го напушти родниот град, тој не продолжил да студира.
Така, Килич во 72. година од животот конечно се запиша на факултет во родниот град, поради што е многу среќен, и кој како вели тој, ќе го заврши со успех.