Musa Samur
20 Јули 2016•Ажурирај: 20 Јули 2016
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за младина и спорт, Акиф Чагатај Килич, денес изјави дека по обидот за државен удар што го извршија припадниците на терористичката организација ФЕТО/ПДЈ, во министерството што тој го предводи од должност се разрешени уште 245 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот Килич гостуваше во емисија на турската телевизија НТВ, а во таа пригода се осврна и на суспензиите на персоналот поврзан со терористичката организација внатре неговото министерство.
„Ние веќе од порано разрешивме од должност 2.100 лица. По последните случувања, од должност се разрешени 245 лица“ , изјави Килич.
Тој додаде дека веќе се започнати процесите против претходно приведените службеници од Министерството за младина и спорт, и нагласи дека тоа ќе биде продолжено и во иднина.
„Претходно ги предупредивме сите оние што оваа организација ги користи, со која се во партнерство, ги предупредивме и студентите што живеат во нивните станови и интернати да не одат таму. Последните случувања покажаа всушност колку е точно она што го зборувавме“, изјави министерот Килич.
Војниците-пучисти лојални на терористичката организација ФЕТО/ПДЈ се обидоа да извршат државен удар во Турција, во петокот, 15 јули и притоа загинаа 240 лица, меѓу кои 173 цивили.
Обидот за државен удар беше спречен откако стотина илјади граѓани излегоа на улиците на Истанбул, Анкара и во другите делови на земјата и храбро, невооружени застанаа пред тенковите и оклопните возила со кои пучистите се обидуваа да ја соборат демократски избраната власт во земјата.
Во рамките на активностите во врска со персоналот поврзан со терористичката организација ФЕТО, приведени се 6.319 војници, 210 полициски службеници, 1.481 судии и обвинители и 650 цивили. Исто така, притворени се и 990 лица. За време на обидот за државен удар, приведени се 1.535 лица. Во болниците на лекување се наоѓаат уште 623 лица.