Muhammed Enes Çallı
29 Март 2022•Ажурирано: 30 Март 2022
АНКАРА (АА) - Познатиот турски готвач и инфлуенсер на социјалните мрежи Бурак Оздемир, познат и како ЏЗН Бурак, ќе биде партнер со фудбалската ѕвезда Кристијано Роналдо за да отворат ресторан во Лондон, јавува Агенција Анадолија (АА).
Говорејќи на настан организиран од Oпштина Бурса, Оздемир најави дека ресторанот ќе биде отворен во ноември 2022 година.
Познат како Смајли Бае, 28-годишниот готвач има три ресторани во Истанбул.
Бурак е познат на социјалните мрежи со повеќе од 57 милиони следбеници на ТикТок и 32 милиони на Инстаграм.