Amir Latif Arain
01 Јули 2026•Ажурирано: 01 Јули 2026
Американскиот спортист Роб Леа стана прв човек во светот што го завршил предизвикот „Двојна седумка“ (Double Seven) - седум канали и седум врвови на седум континенти - откако преплива 40 километри меѓу јапонските острови Хоншу и Хокаидо, јавија денес локалните медиуми, пренесува Анадолу.
Леа го постигна овој подвиг со преминување на седум од најтешките морски канали во светот откако вчера го преплива теснецот Цугару, кој го дели главниот јапонски остров од северниот остров Хокаидо, за време од 11 часа, 43 минути и 35 секунди, објави токискиот „Кјодо њуз“.
Во предизвикот „Седум океани“ се вклучени и канали како Гибралтарскиот Теснец, кој го поврзува Средоземното Море со Атлантскиот Океан, а во категоријата „Седумте врвови“ е вклучен и врвот Еверест, највисок врв во светот.
Леа тргна од Накадомари во префектурата Аомори, на северниот крај од островот Хоншу вчера утро и по околу половина ден пристигна на брегот на Фукушима на Хокаидо.
Овој воден премин е познат по силните струи, што го прави еден од најтешките канали за пливање во светот.