Alaattin Doğru
04 Ноември 2021•Ажурирај: 05 Ноември 2021
АНКАРА (АА) - Познатата француска актерка Брижит Бардо е казнета со 20.000 евра поради вербална навреда на жителите на Реунион, француска прекуморска територија, изречена во 2019 година, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Судот во Сен Дени, Париз, ја прогласи Бардо за виновна за нејзината изјава дека жителите од Реунион „се жители кои ги сочувале своите диви гени“.
Судот ја казни 85-годишната актерка со парична казна од 20.000 евра. Судот, исто така, го осуди и Бруно Жаклин, прес-секретарот на Бардо, да плати казна од 4.000 евра поради неговата вмешаност во клеветата.
Француската актерка, основач на Фондацијата за заштита на животните што го носи нејзиното име, испрати отворено писмо до гувернерот на островот, Амори де Сеин-Кантан, во март 2019 година, тврдејќи дека островјаните ги третирале животните со крајно омаловажување.
Гувернерот Кантан рече дека добил серија писма од Бардо кои „го осудуваат варварството на жителите кон животните“, во кое се наведува дека „Абориџините сѐ уште ги задржуваат своите диви гени“. Бардо, меѓу другото, жителите на Реунион ги опишува како заостанато население под влијание на наследените варварски традиции, а за островот вели дека е „ѓаволски остров“.
За изјавите за кои се наведува дека ѝ припаѓаат на Бардо имаше големи реакции на островот. Бардо по реакциите се извини.
Голем број антирасистички здруженија во земјата поднесоа тужба против Бардо.