Gorana Jakovljevic
04 Декември 2022•Ажурирај: 05 Декември 2022
КРАКОВ (АА) - Во Краков, втор по големина град во Полска, сместен на брегот на реката Висла, отворена е нова светлосна изложба. Оваа година тема е приказната за Петар Пан, известува Агенција Анадолија (АА).

Посетителите на паркот имаат можност да уживаат во патувањето во Недојдија и да ги доживеат авантурите на Петар Пан, Ѕвончица, Венди и нејзините браќа, како и суровиот капетан Кука и неговите пирати.
Секоја година во Краков во време на новогодишните празници се организираат светлосни изложби со теми од сказните.
