Emel Öz Gözellik
19 Септември 2018•Ажурирај: 20 Септември 2018
АНКАРА (АА) - Загаденоста на воздухот го зголемува ризикот од деменција кај луѓето на возраст над 50 години, јавува Anadolu Agency (AA).
Според едно истражување спроведено во Англија, високото ниво на азотен оксид во воздухот го зголемува ризикот за заболување од деменција кај луѓето на возраст над 50-годишна возраст.
Во истражувањето на Институтот за истражување на народно здравство при Универзитетот „Лондон“, во период од 7 години е вршена анализа на 131.000 лица на возраст од 50 до 79 години. На крајот од истражувањето, кај 2.200 луѓе е дијагностицирана деменција.
Истражувањето покажа дека луѓето над 50-годишна возраст што живеат на места со високо ниво на азотен оксид, се соочуваат со 40 отсто поголем ризик за заболување од деменција во однос на луѓето на таа возраст што живеат на места со чист воздух.
Професот Френк Кели, експерт за здравје на животната средина од британскиот „Кингс колеџ“ во Лондон, во својата изјава во врска со темата посочи дека истражувањето покажало дека постои поврзаност меѓу загаденоста на воздухот и заболувањата на менталното здравје.
Резултатите од истражувањето се објавени во списанието „BMJ Open“.
Во едно истражување спроведено во Кина, во кое е анализирано влијанието на загаденоста на воздухот врз говорната и нумеричката способност, откриено e дека загадениот воздух ја уназадува интелигенцијата.