Fuat Kabakçı
16 Мај 2017•Ажурирај: 17 Мај 2017
ПЕКИНГ (АА) - Загадувањето на воздухот во првите четири месеци, во 13 кинески градови е зголемено за 19,7 отсто во однос на истиот период минатата година, јавува Anadolu Agency (AA).
Во извештајот на Министерството за заштита на животната средина на Кина се содржани информации за загадувањето на воздухот во 74 града и за бројот на сончеви денови од 1 јануари до 30 април.
Од Министерството се наведува дека концентрацијата на микроскопските честички ПM 2,5, кои предизвикуваат загадување на воздухот, е зголеменаа на 85, што е трипати повеќе од дозволенотот ниво.
Во Кина, во последниве години се преземени многу мерки за намалување на загадувањето на воздухот. Беа оформени тимови за надзор, зголемени се казните за компаниите што предизвикуваат загадување, а привремено се стопирани и градежните работи.
Земјата се соочува со проблемот на загадување на воздухот и на животната средина, особено од 2014 година. Повеќето големи градови во Кина, кои ја плаќаат цената на брзиот развој и урбанизацијата, истовремено се најзагадените градови во светот.
Во најнаселената земја во светот, од загадувањето на воздухот годишно умираат околу 1,6 милиони луѓе.