İzzet Taskiran
21 Септември 2018•Ажурирај: 22 Септември 2018
ИСТАНБУЛ (AA) - Персоналот на турската авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ (THY), во текот на летот на релација Цирих - Истанбул, организираше прослава на роденденот на 19-годишната Тугче Тан која има Даунов синдром, јавува Anadolu Agency (AA).
Сè се случи на 13 август кога мајката на девојката побарала помош од персоналот на летот од Цирих кон Истанбул. Имено, на персоналот му објаснила дека ќерката има страв од летање и дека поради тоа седнала на место кое не е нејзино.
Персоналот дошол да ѝ помогне и на тој начин дознал дека тој ден ѝ е роденден на 19-годишната девојка со Даунов синдром. Организирале забава со изненадување, а тоа со аплауз го поздравиле и другите патници.
Бусра Гузелсес е една од вработените во „Туркиш ерлајнс“ кои учествувале во прославата на роденденот. Се присети дека, откако мајката побарала помош, отишла до девојката.
Целта била, како и претходно, да направат сè што е во нивна моќ, за да им помогнат на патниците.
„Не ја преместивме од местото на кое се наоѓаше. Работевме на тоа да ја усреќиме. Ѝ дадовме играчки. Беше многу среќна што не ја тргнавме од местото на кое седеше“, појасни Гузелсес.
Од мајката во меѓувреме дознале дека ѝ е роденден и веднаш одлучиле нешто да направат по тоа прашање. Од производите што ги имале во авионот направиле роденденска торта и ѝ ја однеле на Тугче.
Гузелсес изјави дека со сите други патници ѝ пееле роденденска песна. Патниците аплаудирале. Како што рече, сите патници се посебни, но на некои патници е потребно да им се посвети посебно внимание. Тоа, истакна Гузелсес, го очекуваше и семејството на оваа девојка.
И Бахадир Озер потсети дека добиле информација дека во авионот се наоѓа лице со посебни потреби. Смета дека направиле убава роденденска прослава за Тугче.
Даунов синдром или тризомија 21(T21) е најчесто хромозомско нарушување, кое е последица на присутноста на трета копија или негов дел, на 21. пар на хромозомот во генетскиот материјал на човекот.