живот

„Приказните на сириските бегалци за отпорноста се инспиративни"

„Инспиративни беа сите приказни што ги чув од луѓето со кои се запознав, за сите потешкотии што ги преживеале. Тоа беше посета што ме промени засекогаш“, вели д-р Оз.

Dildar Baykan  | 19.09.2018 - Обновена : 20.09.2018
„Приказните на сириските бегалци за отпорноста се инспиративни"

New York

ЊУЈОРК (АА) - Турчинот д-р Мехмет Оз кој живее во САД, на својот профил на социјалните мрежи ги сподели своите искуства и впечатоци од посетата остварена во јули на камповите во Турција и Сирија во кои престојуваат Сиријци, јавува Anadolu Agency (AA).

Д-р Оз на својот профил на социјалната мрежа Твитер, објави: „Со помош на АФАД (Дирекцијата за управување со кризи и вонредни состојби на Турција), Меѓународната федерација на Црвената полумесечина - Црвен Крст и Турската Црвена полумесечина, имав можност да ги посетам камповите во кои се сместени Сиријците, во близина на турско-сиријската граница. Инспиративни беа сите приказни што ги чув од луѓето со кои се запознав, за сите потешкотии што ги преживеале. Тоа беше посета што ме промени засекогаш.“

Д-р Оз во видеото што го објави на социјалните мрежи, ги сподели своите чувства во врска со снимките од последната состојба на сирискиот град Хомс, изработени во 2017 година, и во врска со снимките од посетата на кампот, изработени од АА.

Во видеото тој вели дека посетата на камповите во кои се сместени Сиријците ја започнува во оние што се поставени во Турција, земја која е домаќин на 3,5 милиони раселени Сиријци. „Никогаш во животот немав можност да посетам бегалски камп. Не знаев што да очекувам. Првото нешто што го забележав, беше традиционалното гостопримство во регионот“, вели д-р Оз.

Истакнувајќи дека турските власти го направиле најдоброто што можеле, д-р Оз продолжува со зборовите: „Зборував со децата кои цртаа. Загубиле сѐ што имале. Искрено, се зачудив од нивната способност да ја скријат сопствената болка.“

Д-р Оз, велејќи дека во камповите чул различни приказни, наведува дека на еден опозициски гинеколог, ДЕАШ му забранувал да ги прегледува жените.

По посетата во Турција, д-р Оз вели дека преминал во еден камп во близина на сирискиот град Азаз и дека таму посетил една локална клиника.

„Бев шокиран. Недостиг на технологија, недостиг на медицински средства, без клима уред. Во овој камп живееја 11.000 лица, но за нив се грижеше само еден доктор. Можеше да се забележи влијанието на војната врз здравството“, вели д-р Оз.

Зборувајќи дека во кампот се запознал со еден татко кој имал ќерка и бил поканет во неговиот дом, д-р Оз го сподели следното:

„Кога пристигнав во неговиот дом, се запознав со Зејна. Зејна се родила со срцева мана, а војната избувнала пред да биде оперирана. Нејзиното семејство е безнадежно. Кога ги погледнав резултатите од испитувањата на Зејна, забележав дека таа нема доволно кислород во крвта. Затоа помодрува и бргу се заморува. Може да почине, пред да порасне. Кога се збогував со неа, ѝ подарив една топка, а јас си дадов збор дека ќе сторам сѐ што е во моја моќ таа да биде оперирана, за да може да игра топка со нејзините врсници.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.