Muhammed Emin Canik
09 Октомври 2020•Ажурирај: 12 Октомври 2020
БУЕНОС АИРЕС (АА) - Хорхе Гонзалез Ниева, кој е уапсен и затворен како обвинет за убиство сторено во Аргентина во 2006 година, пуштен е 14 години подоцна откако е утврдено дека не е виновен, јавува Агенција Анадолија (АА)
Врховниот суд на Аргентина го ослободи Хорхе Гонзалес Ниева, кој пред 14 години е уапсен во случај на пукотница и убиство на жена, а потоа е осуден на 25 години затвор.
Во судската одлука се вели дека очевидец кој го идентификувал Ниева како напаѓач на фотографијата подоцна изјавил дека не го познава. Исто така, се наведува дека немало докази што покажуваат дека Ниева бил директно вмешан во убиството и дека има изјави на сведоци кои потврдиле дека Ниева бил на сосема друго место за време на убиството.
Во одлуката, исто така се наведува дека полицискиот службеник што ја спроведувал истрагата имал лични несогласувања со Ниева и ја спровел истрагата на негова штета.
Адвокатот на Ниева, Мануел Гаридо, за локалните медиуми изјави дека обвинителот што ја водел истрагата е обвинет за примање мито од затвореници и дека поднесувал тужби со лажни адвокати во 2017 година.
Во аргентинскиот град Мерлоу, на 24 мај 2006 година, 43-годишната Аналија Бибијана Агуер беше застрелана во главата пред нејзината куќа. Три лица ја следеле до нејзиниот дом откако таа извадила пари од банката.
Ниева работел во истиот град како таксист. Тој беше обвинет во случајот за убиство, а во 2010 година беше осуден на 25 години затвор. Минатата година, Ниева во интервју за „Амнести интернешнл“ рече дека еден од сторителите на убиството признал дека тој не го извршил убиството.