наука и технологија, живот

„Робот кафе“ во Аман им нуди на посетителите извонредно искуство со целосно автоматизираната услуга

Кафулето се смета за едно од првите во регионот и тоа е главна атракција за посетителите на музејот и туристите, а „автоматизираното кафе“ нуди уникатно искуство со целосно автоматизирана подготовка и послужување топли и ладни пијалаци

Laith Al-jnaidi, Turgut Alp Boyraz, Muhammed Emin Canik  | 06.12.2025 - Обновена : 06.12.2025
„Робот кафе“ во Аман им нуди на посетителите извонредно искуство со целосно автоматизираната услуга Фото: Turgut Alp Boyraz/AA

АМАН (АА) - ЛЕЈС ЕЛ-ЏУНЕЈДИ/ТУРГУТ АЛП БОЈРАЗ (АА) -

Неодамна отвореното „Робот кафуле“, во кое работи само робот, лоцирано во Кралскиот музеј на автомобили во Аман, Јордан, привлекува голем број посетители, пишува Анадолу.

Кафулето се смета за едно од првите во регионот и тоа е главна атракција за посетителите на музејот и туристите, а „автоматизираното кафе“ нуди уникатно искуство со целосно автоматизирана подготовка и послужување топли и ладни пијалаци.

Менаџерот за активности и маркетинг на музејот, Мухамед ал-Кудат, за Анадолу изјави дека целта на „автоматизираното кафе“, во кое работи робот направен во Кина, не е само да обезбедува комерцијални услуги туку и да „придонесе во напорите за истражување и развој“ во областа на роботската автоматизација.

Кудат објасни дека првичната идеја била да се тестира роботот, кој не бара човечка интервенција, а приближно два месеца тој подготвува и служи кафе без никаква интервенција.

Тој го истакна големиот интерес што го покажале луѓето за проектот, наведувајќи дека „искуството со роботското кафе“ стана главна атракција во Аман.

- Посетителите воодушевени -

Посетителите на „автоматизираното кафе“ изразија воодушевување од ова искуство.

„Првпат сум во ова кафуле и чудно е. Никогаш порано не сум видел нешто вакво. Патував во многу земји, но, искрено, никогаш не сум видел нешто вакво. Шокиран сум и импресиониран“, рече Јорданецот Шахир ал-Кадири.

„Може, исто така, да додаде шари на кафето, многу е интересно. Навистина ми се допадна. Нема човечка интервенција. Купувачот само го избира дизајнот што го сака, а роботот го црта на кафето.“

Изразувајќи задоволство што такво нешто доживеал во својата земја, Ал-Кадири рече: „Горд сум што вакво нешто постои во Јордан. Ова покажува колку далеку сме стигнале, колку сме развиени и колку имаме најсовремена технологија. Вакво нешто не сум видел во САД, Канада или Европа.“

- „Вашето кафе е готово, на здравје“ -

Еден од вработените во кафулето за Анадолу го објасни оперативниот систем на роботот.

Тој рече дека роботот работи со неколку прецизни чекори, прво ја зема шолјата, па ја става на вагата, а потоа ја враќа полната шолја на вагата за да ја провери тежината.

Вработениот во кафулето објасни дека роботот го слика кафето откако ќе ја подготви нарачката и на крајот на англиски вели: „Вашето кафе е готово, на здравје.“


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın