Ferdi Uzun
03 Февруари 2018•Ажурирај: 04 Февруари 2018
АЈДИН (АА) - ФЕРДИ УЗУН - Сириецот Али ал-Селџи, кој побегна од насилствата на терористичката организација ПЈД/ПКК и пронајде засолниште во Турција, откри дека терористите принудно ги грабнуваат младите луѓе кои се спремни за служење на воен рок, од нивните семејства, а оние кои се противат на тоа се изложени на измачувања, јавува Anadolu Agency (AA).
Селџи (45) е по потекло Арап, кој живеел во сирискиот град Деир ез Зор, а неговото семејство е само едно меѓу илјадниците од нив кои не можеле да го поднесат притисокот на терористите, и биле принудени да ја напуштат оваа земја.
Пред четири месеци го напуштил родниот град Деир ез Зор, и заедно со сопругата и своите осум деца се доселил во Турција, поточно во западниот град Ајдин.
Во разговор со новинарот на АА, Селџи изјави дека поради заканите од терористите ПЈД/ПКК бил принуден да ја напушти татковината.
„ПЈД/ПКК ми ја зеде куќата и парите. Моравме да побегнеме, но таму остана нашата татковина. Терористите сакаа да ги однесат нашите роднини, но успеавме да ги префрлиме преку граница. Организација со закани ни го одзема имотот. Силувани се многу жени. Мажите принудно ги земаат. Куќите на Арапите се срушени. Фараонот би се засрамил кога би видел што прави ПЈД/ПКК“, изјави Селџи.
Тој нагласи дека ПЈД/ПКК во регионот не донесува ништо освен штета, и порача дека организацијата се зајакнала откако таму се појавиле САД.
Според неговите зборови, од терористите на ПЈД/ПКК не бегаат само Арапите и Туркмените, туку и курдското население кое живее таму.
„ Голем број на курдски семејства, особено оние кои имаат чувствителност кон верата, ги напуштија своите домови, бидејќи не можеле да трпат притисок и не сакале своите деца да ги дадат на терористите. Припадниците на ПЈД/ПКК не се ништо друго освен терористи. Бидејќи, оние кои ги убиваат децата, ги силуваат жените, ги ограбуваат куќите, како поразлично да ги наречеме освен терористи. Сведочевме на сето што го правеа“, порача Selci.
Тој нагласи дека секако ја поддржува операцијата „ Маслинова гранка“, која ја спроведуваат Вооружените сили на Република Турција.
„Секој треба да го види вистинското лице на ПЈД/ПКК. На оние кои се против операцијата која ја спроведува Турција можеме само да кажеме дека треба да се плашат од Бога. Бидејќи, терористите на ПЈД/ПКК не мачеа, го ограбија нашиот имот. Тоа се факти кои никој не може да ги занемари“, порача Селџи.
На крајот додаде дека надева дека еден ден, кога неговата земја ќе биде исчистена од терористите, ќе се врати во својот дом.