Müslüm Etgü
03 Февруари 2018•Ажурирај: 04 Февруари 2018
ШАНЛИУРФА (AA) - МУСЛУМ ЕТГУ - Сириските жени од курдското потекло како резултат на притисоците и заканите извшрени од страна на терористичката организација ПЈД/ПКК кои се засолниле во Турција, чекат да се вратат во нивната сакана татковина, јавува Anadolu Agency (AA).
Околу 30 илјади бегалци, претежно Курди, кои избегаа од конфликтите и угнетувањето од страна на терористички организации во Сириските погранични области поврзани со градот Алепо Алн ел Арап (Кобани), Тел Абјад и Мунбич сега живеат во шаторскиот град Суруч, во Шанлиурфа, со можностите кои им ги нуди Турција.
Сириските жени, кои се принудени да бегат од родните краишта каде што се под голем притисок од страна на терористичката организација ПЈД / ПКК , со копнеж го чекат за денот кога нивните земји ќе бидат ослободени од елементите ПЈД / ПКК и ќе се вратат во своите домови.
Покрај можностите и поддршката што им ги нуди Турција, жените од Сирија велат дека љубовта кон татковината е сосема друго нешто и дека операцијата „Маслинова гранка“ за нив претставува надеж за да се вратат во родните земји.
Нур Салих, која живее во шаторскиот град Суруч, во разговор за АА раскажа за својата тага за синот кој во Хама бил повреден кога бомба погодила нивен дом.
Таа објаснува дека избегале во Турција за да се заштитат од присилата и заканите на терористичката организација. „Турција не прифати, но не се заменува ништо со татковината. Мојата земја е поважна од целиот свет за мене. Терористичките организации ПЈД/ПКК и ДАЕШ кои ја окупираа нашата територија се надеваме дека со операцијата 'Масллинова гранка' ќе бидат уништени и ние ќе се вратиме во нашите домови“. рече Салих
Исто така и Хејла Мустафа изразува желба и љубов за татковината и вели дека секој ден живеат со надежта за денот кога ќе се вратат дома.
Нагласувајќи дека единствената цел на терористичката организација е пролевање на крв, Мустафа рече:
„Многу ми недостига селото и куќата. Му се заблагодарувам на Реџеп Таип Ердоган и неговиот народ, што не примија. Терористичката организација ПЈД / ПКК ја заплени мојата земја со пролевање на крв. Тие ја презедеа нашата земја, нашите куќи, нашите работи. Тие ги присилија нашите деца да се борат за нив. Многу сме среќни што започна „Маслинова гранка“. Ние секогаш се молиме за успехот на турските војници. Се надевам дека оваа операција ќе биде успешна и ќе се вратиме во нашата земја, каде што секој ден копнееме за неа“
Емине Хассун, исто така, има пет ќерки и еден син. Таа се засолнила во Турција, бидејќи се плашела терористите да не и ги земат децата.
Хасун која збореше за АА, истакна дека во сирискиот град Мунбич, каде што живееле имале маслинови дрва, земјиште и куќи.
„Моите деца се плашеа да ги слушнат дури и имињата на организациите. Се плашев и јас за моите деца и затоа заедно со сопругот се засолнивме во Турција. Терористичката организација ПЈД / ПКК го конфискува целиот наш имот. Се надевам дека со операцијата 'Маслинова гранка', нашите земји ќе бидат исчистени од терористи и ќе се вратиме во нашите домови“, рече таа.
Фатма Енвер, исто така, рече дека живеела во Диер ез-Зор, но поради бомбардирањето на авионите кои припаѓале на режимот на Асад избегале во планини
„Немаше мир по почетокот на граѓанската војна во Сирија. За нас Асад, не се разликува од терористичките организации ПЈД/ПКК. Ние, како сириски жени, најмногу сме задоволни од операцијата 'Маслинова гранка'. Се надевам дека ако регионот се исчисти од тероризам, ќе се вратиме во нашата земја. Турција ги отвори своите врати за нас и не чуват тука многу добро, но не е како татковина. Еден ден, кога ќе се вратам ќе ја бакнам земјата“, истакна Енвер.