Ahmet Furkan Mercan
19 Јануари 2023•Ажурирај: 20 Јануари 2023
ТОКИО (АА) - Јапонија во 2022 година забележа најголем трговски дефицит, кој е поттикнат од слабиот јен и зголемените цени на енергијата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според ажурираните прелиминарни податоци од Министерството за финансии, трговскиот дефицит на Јапонија во 2022 година изнесува 19,97 билиони јени (155,2 милијарди долари).
Споменатата бројка се истакнува како најголем трговски дефицит од 1979 година досега, од кога се евидентираат споредливи статистички податоци.
Објавено е дека ненадејната депрецијација на јапонскиот јен во текот на годината и зголемените трошоци за енергија имаа негативно влијание врз трговскиот дефицит.
Се наведува дека ненадејниот пад на вредноста на јапонскиот јен и зголемувањето на трошоците за енергија, негативно влијаеле врз трговскиот дефицит.
Во 2022 година, јапонскиот увоз забележа раст од 39,2 отсто и изнесуваше 118,1 билиони јени (919,6 милијарди долари), додека извозот се зголеми за 18,2 отсто, достигнувајќи 98,1 билион јени (764,4 милијарди долари).
Суровата нафта, јагленот и течниот природен гас се производи што најмногу се увезувале, додека продажбата на возила и производи од челик предводи во извозот.
Најголемиот трговски дефицит на Јапонија пред 2022 година е забележан во 2014 година, кога изнесувал 12,82 билиони јени.