Nuray Tunçay
27 Јули 2016•Ажурирај: 28 Јули 2016
АНКАРА (АА) – Заменик-премиерот на Република Турција, Мехмет Шимшек изјави дека спречувајќи го државниот удар, народот на Турција го спречи истиот удар и на берзите, јавува Anadolu Agency (AA).
„Народот го спречи обидот за државен удар, го спречи и ударот врз берзите. Граѓаните од вчера разменија девизи во вредност од 9 милијарди долари и ја откупиле противредноста во турски лири", рече заменик-премиерот на Турција.
Во текот на учеството во емисијата на ТВ-каналот „Си-ен-ен турк“, заменик-премиерот на Турција задолжен за економските прашања, ја нагласи важноста на фактот дека народот во државата разменил девизи и го интензивирал купувањето на турската лира.
Шимшек нагласи дека темелите на турската економија се цврсти, а дека обидот за државен удар не оставил трајни, ниту големи последици врз економијата
„Додека некои странски инвеститори ѝ пристапуваа на Турција со претпазливост, турскиот народ ѝ ја укажа довербата на својата држава и нејзината иднина и биле разменети големи износи на странска валута“.
Зборувајќи за претстојните реформи коишто во системот ќе ја отстранат можноста за обид за државен удар, Шимшек рече дека во иднина сите десетина пати ќе треба да размислат дали ќе се обидат да сторат такво нешто во Турција.
Тој додаде и дека храброста на народот, храброста на граѓаните влева огромна надеж во секоја смисла.