Almir Terzic
26 Октомври 2017•Ажурирај: 26 Октомври 2017
САРАЕВО (АА) - Заменикот претседавач на Советот на министри на Босна и Херцеговина (БиХ) и министер за надворешна трговија и економски односи, Мирко Шаровиќ, во интервју за Anadolu Agency (AA) рече дека генерално ја поддржува идејата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за формирање царинската унија на Западен Балкан, како што вели, свесен ризиците што се наведуват во смисла на доминација, првенствено на Србија.
„Таа идеја има шанса да успее доколку сите застанат зад неа или доколку направиме договор за создавање уште подобар амбиент за економија, трговија и прекугранична соработка во овие земји. Основата е ЦЕФТА, а сега треба да видиме што можеме да надградиме во рамките на ЦЕФТА и да создадеме поширок простор за слободна трговија, но во полна смисла на тој збор. Дали можеме да ја достигнеме царинската унија што веројатно е крајна цел на претседателот Александар Вучиќ, не знам, бидејќи некои од земјите имаат резервираност кон тоа“, рече Шаровиќ.
Тој нагласи дека му се чини оти и оние земји што покажуваат резервираност кон предлогот на српскиот претседател Вучиќ се подготвени во рамките на ЦЕФТА да се „гради и да се надградува таа куќа за да може да биде уште подобра“.
„Можеби не би била царинска унија во полна смисла, но би личела на еден потентен, богат пазар на слободна трговија, и јас мислам дека тоа би бил успех. Можеби одиме чекор по чекор. Можеби нема сега подготвеност за таа целосна варијанта што ја предлага претседателот на Србија, Александар Вучиќ, но за напредок секако постои“, порача Шаровиќ.