Besar Ademi
06 Октомври 2016•Ажурирај: 07 Октомври 2016
СКОПЈЕ (АА) - Во организација на Стопанската комора на Македонија, со поддршка на проектот за соработка ЦЕФТА-ДИХК, каде што се вклучени стопанските комори на земјите-членки на ЦЕФТА (Договорот за слободна трговија во Централна Европа) и Унијата на индустриската комора на Германија (ДХИК), во Скопје се одржа регионална конференција со наслов „Поедноставување и хармонизација на царинските постапки во регионот“, јавува Anadolu Agency (AA).
Целта на конференцијата е да даде една реална фотографија на функционирањето на царинските постапки во регионот, од аспект на единството и функционалноста, вклучувајќи ја и можноста за целосно електронско поврзување на ситемите, со посебен акцент на функционирањето на апликацијата е-царина.
Договорот на ЦЕФТА, потпишан во 2006 година, е сеопфатен договор за слободна трговија којшто има за цел целосна либерализација на пазарот во регионот, како и третирање на различните неданочни бариери во трговијата. Министерот за економија на Македонија, Дритон Кучи, изјави дека договорт на ЦЕФТА е добар договор за регионот, затоа како што рече тој, ја забрзува интеграцијата на регионот во Европската Унија.
„Затоа од Царинската управа на Македонија побарав да се отворат царински терминали на граничните премини Јажинце во Тетово, и Блато во Дебар, како долгорочно барање на Северо-западната стопанската комора на Македонија за успешните бизниси што гравитираат во слободната економска зона во Тетово“, изјави Кучи.
Министерот Кучи додаде дека и во иднина ќе продолжи да бара од надлежните институции до крај да го почитуват договорот на ЦЕФТА.
Претставници на стопанските комори на земјите соседи на Македонија, присутни на конференцијата, изразија незадоволство во врска со меѓуграничната соработка. Во врска со ова, директорката за прашања за интелектуалното право при Комората за трговија и индустрија на Албанија, Албана Лакнори, надевајќи се дека во иднина ќе се подобри бизнисот меѓу Македонија и Албанија, истакна дека договорот на ЦЕФТА сега-засега не се применува и бизнис заедницата малку знае за него.
„Иако стопанските комори на Македонија и Албанија имаат добра соработка, ние продолжуваме да држиме состаноци и обука за да ја подигнеме свеста на бизнис заедницата, царините за двете земји да го спроведуваат договорот и да не ги оптоваруваат бизнисите со дополнителни тарифи. Јас мислам дека ќе имаме подобрување на бизнис климата меѓу двете земји“, истака Лакнори.