Besar Ademi
12 Април 2016•Ажурирај: 13 Април 2016
СКОПЈЕ (АА) - Во седиштето на Исламска верска заедница на Република Македонија (ИВЗ) на шест домашни компании им беа доделени "Халал" сертификати. Се работи за копмании кои во текот на првиот квартал на 2016 година го имаат имплементирано Халал Стандард, додека во вториот квартал оваа година, ИВЗ очекува бројот да достигне на 14 компании, што значи дека 8 нови компании се во фаза на имплементација на халал стандардот, јавува Anadolu Agency (AA).
Министер за Економија, Дритон Кучи изјави дека во 2013 година институција што ја предводи, со буџет од 500 илјади денари ги финансира трошоците за консултации околу апликација на системот. Тој додаде дека во 2015 за овие трошоци Министерството за економија има обезбедено буџет од 3,5 милиони денари, а за оваа година речиси 2 милиони денари.
"Ве поканувам да аплицирате за системот халал, затоа што аплицирање на овој стандард, како за мали и средни компании, така и за големите компании нуди некои можности за дополнително зголемување на вредноста на вашите производи и услуги, како обезбедување на синоним за здрава храна", рече Кучи.
Според него, овој стандард исто така го олеснува пристапот до нови пазари, а го зголемува и нивото на свест за безбедноста на храната и го подобрува нивото на интер-културната комуникација меѓу земјите, а го подобрува и прифаќањето на промените во светот.
Сертификатите ги додели поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи.
Халал Стандард подразбира дополнителна сигурност во прехрамбената индустрија, односно дека прехрамбените производи се здрави, квалитетни и дека истите производи не содржат канцерогени елементи, штетни бои, ароми и емулагатори кои се забранети со исламските прописи, што подразбира дополнително сигурност за здрајето на човекот.
Во светот халал стандардот вреди неверојатни 2,3 милијарди долари, а се предвидува дека до 2020 година ќе надмине 6 милијарди долари на светско ниво.