Furkan Abdula
17 Март 2020•Ажурирај: 18 Март 2020
СКОПЈЕ (АА) - Исламската врска заедница на Република Северна Македонија донесе одлука за суспендирање на колективните намази (молитви), вклучувајќи ја и петочната молитва (џума-намазот), во сите џамии во земјата, со цел спречување на ширењето на новиот вид коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на ИВЗ објавен со потпис на поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи, се наведува дека како резултат на општата ситуација создадена во земјата од ширењето на пандемијата предизвикана од коронавирусот, е донесена следната одлука:
„Намазот [молитвата] организиран во џемат низ џамиите во земјата нема да се извршува, но муезините се обврзани да учат езан во џамиите низ целата земја. Нема да се клања џума-намазот во џамиите низ целата земја, и затоа исламските верници се должни наместо џума-намазот, во своите домови да го клањаат пладневниот намаз. Во случај на починати како последица од коронавирусот, погребната цермонија се врши од надлежни органи, додека пак намазот за починатиот и другите цермонии според Исламскиот шеријат ќе се вршат по погребот. Ова правило важи и за починатите кои евентуално ќе бидат донесени од странство.“
Во соопштението се нагласува дека оваа одлука е задолжителна до создавање на општи услови и околности што ќе ѝ овозможат на ИВЗ да донесе друга одлука.
Исто така, ИВЗ препорачува исламските верници да ги избегнуваат сите масовни собири.
„ИВЗ исто така препорачува исламските верници да бидат мирни и во склад со своето верување, да ги следат препораките на одговорните, да не стануваат жртви на непотребна паника, бидејќи е поштетна од самиот вирус, и може да предизвика непредвидливи последици“, се додава во соопштението.