Bekim Laci
05 Јуни 2016•Ажурирај: 06 Јуни 2016
СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на Исламската верска заедница на Македонија (ИВЗ), реис ул улема, ефендија Сулејман Реџепи, испрати порака по повод почетокот на светиот месец Рамазан, со која ги повикува верниците да му се заблагодарат на Семоќниот Аллах, повторно да го дочекаат Рамазан, месецот на постот, милоста и бериќетот, јавува Anadolu Agency (AA).
„Совршениот знак на доброто е понизноста, размислувањето и посветеноста! Најпрепознатливи знаци на злото се алчноста, похотата, злото. Преку постот несомнено се борат сите обележја на злото”, пишува Реџепи според кој постот го поттикнува човекот на доброто и убавото, да работи искрено и сигурно.
„Почитувани верници! Месецот Рамазан е период на зголемување на обредите, молитвите, но исто така и размислувањата за чистење на душата, за наоѓање на излез од секојдневните проблеми. Само во овој месец, во моментот на размислување, изненадувачки се чувствува потребата за знаење, за учење, за да се биде постојан модел на добар човек. Постот како чин е прекрасно дело, поради тоа што се прави за Бога. Тоа е тешко - но е и еден пријатен тест, тешко - но со големи наградувања. Среќник е оној којшто го очекува овој месец на постот”, пишува меѓу другото поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи, кој ги повика верниците муслимани овој месец да го исполнат само со молитва добри дела.
„Со молитви кон Семоќниот Бог, овој месец да го поминеме на најдобар можен начин - нека ви е со среќа на сите овој свет месец. Милоста, љубовта, благословот на милостивиот Бог да биде врз нас, врз нашиот народ, врз целото човештво”, заклучува во пораката поглаварот на Исламската верска заедница, Сулејман Реџепи.