Besar Ademi
11 Септември 2016•Ажурирај: 12 Септември 2016
СКОПЈЕ (АА) – Претседателот на Исламската верска заедница во Македонија (ИВЗ), Сулејман Реџепи, во својата честитка по повод Курбан Бајрам, ги повика верниците да ги надминат омразата и да си пружат рака едни со други, како и да им помогнаат на сиромашните, јавува Anadolu Agency (AA).
Реџепи во честитката истакна дека овие услови се во согласност со наредбите на Семоќниот Алах. Меѓу другото, тој му се заблогодари на Создателот на Универзумот, кој, овозможи и оваа година да го дочекаме најстариот празник на човештвото, Курбан Бајрам, празник кој, како што истакна, ја означува посветеноста на човештвото кон Севишниот Алах од самиот почеток па наваму.
„Добрите дела, искрената љубов, хармонијата и хуманоста се меѓу најважните работи што Милоствиот Алах ги бара од верниците. Таков е исламот и секој искрен муслиман во светот е обврзан со многу племенита мисија - да шири само љубов преку која се отвораат сите патишта на хуманиот пристап”, рече Реџепи.
Реџепи на крајот од неговата порака истакна дека денес и секогаш, преку чинот на доброчинство се изразува нашата човечка љубов, додека институционалното доброчинство го изразува нашето единство, солидарноста и љубовта еден кон друг.