14 Ноември 2015•Ажурирај: 15 Ноември 2015
СКОПЈЕ (АА) - Пoглаварот на Исламската верска заедница во Македонија, реис-ул-улема Сулејман Реџепи ги осуди терористичките напади во Париз, изразувајќи сочуство до претседателот на Франција, Франсоа Оланд, како и до сите граѓани на Франција, пренесува Anadolu Agency (AA).
" Во име на сите имами во земјата и во име на сите раководни тела на Исламската заедница изразуваме сочуство до првиот човек на државата Франција, а во исто време и до целото француско општество ", рече Реџепи.
Тој изрази длабока огорченост поради овој, како што го нарече луд терористички чин, истакнувајќи дека носители на овој проект се духовно скршени терористи, кои не сакаат човештвото да го остават на мира, да живеат во мир и хармонија заедно едни со други.