Cuneyt Davut
05 Јули 2016•Ажурирај: 06 Јули 2016
СКОПЈЕ (АА) - Под мотото „Бајрамска Баклава“ Исламската верска заедница (ИВЗ) на Република Македонија организираше прием, јавува Anadolu Agency (AA).
На денешната свеченост во Скопје присуствуваа претставници на државните институции, личности од политичкиот живот, претставници на дипломатскиот кор, граѓанското општество, академската заедница и многу други гости.
Во поздравниот говор претседателот на ИВЗ, Сулејман ефенди Реџепи, заблагодарувајќи им се на учесниците за нивното учество на приемот и нивните честитки, на сите припадници на исламската вероисповед им го честита празникот Рамазан Бајрам.
„Празникот Рамазан Бајрам е празник кој проповеда, сугерира, води кон хармонија, слобода, добри меѓуверски и меѓуетнички односи", рече реисот Реџепи наведувајќи дека мултиетничкиот и мултиконфесионалниот карактер на Република Македонија треба да се гледаат како благослов.
Претседателот на ИВЗ истакна дека само ако доколку се чува мултинационална и мултиконфесионалната структура на Македонија можат да живеат заедно во оваа земја.
Само заедничкиот живот, одржувањето на единството и меѓусебното почитување, наведе Реџепи, можат да донесат прогрес на земјата.
По поздравниот говор на поглаварот на ИВЗ, реис-ул-улема Сулејман ефенди Реџепи, поканетите гости ја дегустираа подготвената балкава, која традиционално се служи за големиот муслимански празник Бајрам и претставува негов претпознатлив симбол.