Besar Ademi
07 Декември 2015•Ажурирај: 08 Декември 2015
СКОПЈЕ (АА) - ИВЗ на Република Македонија јавно ја повика македонската Влада, веднаш "да престане со теророт против Јени џамијата, истата да се врати во првобитната состојба, џамијата да и се врати во сопственост на ИВЗ, да и се овозможи непречено користење на истата" , јавува Anadolu Agency (AA).
ИВЗ смета дека новонастанатата ситуација со Јени џамијата во Битола претставува сериозен проблем, кој доаѓа како резултат на неодговорното однесување на македонската влада, кон културата, традицијата и исламската архитектура.
Како истакнува оваа институција, во овој случај државата не го почитува законот на РМ и со овој акт е узпурпатор.
"Никогаш нема да се откажеме од Јени Џамија, и заради тоа уште еднаш укажуваме на сериозноста на проблемот, и доколку државата не покаже добра волја за праведно решавање на оваа неправда, тогаш, после оваа конференција ИВЗ на РМ, ќе биде принудена да ги употреби сите можни средства и начини, да го извршува правото- сопственик на џамијата, таа да служи за она поради што е изградена а не за некаква си уметничка галерија" , изјави на прес-конференција, Плуми Велиу, Битолскиот муфтија, додавајќи дека ИВЗ на Република Македонија ќе започне судска постапка, како и поднесување на кривични пријави против сите учесници на ова недело, а секако ќе превземе и други мерки.
Тој исто така рече дека во овој случај ќе се обрати и до меѓународната јавност, односно до сите меѓународни фактори кои во Македонија имаат свои дипломатски претставништва.
Пред две недели, во дворот на џамијата ставена е табла на која е напишано дека почнува реставрација на џамијата која треба да биде претворена во уметничка галерија. Со оваа одлучка, Битолскиот муфтија Велиу истакнува дека на тој начин се врши напад на џамијата преку НУ Завод и Музеј Битола, бидејќи за да се започне со активностите на објектот од културно наследство, првин мора да се има дозвола од сопственикот, а како единствен легитимен сопственик на Јени џамијата е ИВЗ на Македонија.
Претседателот на ИВЗ, Сулејман Реџепи, истакнува дека табелата која се наоѓа во дворот на џамијата е провокација кон ИВЗ, од страна на Министерството за култура, додајваќи дека има информации дека Турција има поднесено протестна нота во врска со овој случај, бидејќи како што рече Реџепи се смета како културно наследство на Турција.
"Ние како ИВЗ сме провоцирани со појава на некоја табличка наводно дека има реконструкција на џамијата од страна на Министерство за култура иако што сите ние знаеме дека сите објекти од верски и исламски каратер за време од Османлиска империја за кој наследник се смета и Репуплика Турција и го смета за свое културно минато и тие се грижат околу таквите објекти и колку што имаме информации тие имаат доставено протестна нота до Владата на РМ бидејќи не се согласуваат понатаму да се злоупотребува овој верски објект" ,рече Реџепи.
Јени џамијата е изградена во 1552-1556 година и се до Втората светска војна функионирала за потребите на верниците муслимани, но веднаш по завршувањето на Втората светска војна, џамијата била узурпирана од страна на тогашната југословенска комунистичка власт.