Балкан

Северна Македонија: Разрешен претседателот на ИВЗ, Сулејман Реџепи

„До подготвување на условите за нови избори за претседател на ИВЗ, вршител на должноста се поставува хаџи хафиз Шаќир Фетаху, гостиварски муфтија. Оваа одлука стапува во сила од моментот на донесувањето", рече Фетаху

Adnan Idriz  | 27.05.2020 - Обновена : 28.05.2020
Северна Македонија: Разрешен претседателот на ИВЗ, Сулејман Реџепи ( Foto: Arhiva )

СКОПЈЕ

Ријасетот на Исламската верска заедница (ИВЗ) на Северна Македонија денеска оддржа вонредна седница на која донесе одлука за разрешување на досегашниот претседател Сулејман Реџепи, пренесува Агенција Анадолија (АА).

По седницата, изјава за медиумите даде гостиварскиот муфтија, Шаќир Фетаху, кој што истакна дека на седницата биле присутни повеќе од 2/3 од членовите на Ријасетот на ИВЗ, а објасни дека одлуката се темели на Уставот на ИВЗ.

„До подготвување на условите за нови избори за претседател на ИВЗ, вршител на должноста се поставува хаџи хафиз Шаќир Фетаху, гостиварски муфтија. Оваа одлука стапува во сила од моментот на донесувањето", рече Фетаху.

Тој исто така ги наведе и имињата на потпишаните, односно на членовите на Ријасетот кои што гласаа за разрешувањето на Реџепи, каде меѓу другото се муфтиите од Гостивар, Скопје, Тетово, Куманово, Струга, Кичево, Охрид; Деканот на Факултетот за исламски науки, Шабан Сулејмани, како и координатори од другите муфтиства и други членови на Ријасетот на ИВЗ.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.