Балкан, Коронавирус

Северна Македонија: Потврдени 25 нови случаи на Ковид-19, вкупно 2.039

Министерстовото информира Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти од Ковид-19. Со ова, вкупната бројка на оздравени пациенти изнесува 1.470, додека бројот на активни случаи во земјата изнесува 450

Admir Fazlagic  | 27.05.2020 - Обновена : 28.05.2020
Северна Македонија: Потврдени 25 нови случаи на Ковид-19, вкупно 2.039

СКОПЈЕ

Министерството за здравство на Република Северна Македонија сооопшти дека се потврдени нови 25 случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на случаи со овој вирус се зголеми на 2.039, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Како што соопшти Министерството за здравство, потврдени се и три нови смртни случаи поради Ковид-19, со што вкупната бројка на починати лица поради овој вирус во земјата се искачи на 119.

Министерстовото информира Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти од Ковид-19. Со ова, вкупната бројка на оздравени пациенти изнесува 1.470, додека бројот на активни случаи во земјата изнесува 450.

Во последните 24 часа направени се 622 тестирања на Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 26.463 тестирања на овој вирус.

Според вчерашната одлука на Владата на Република Северна Македонија, од утрово е укинат полицискиот час, со што целосно престанува важењето на одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија.

Потсетуваме, на 15 мај претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, прогласи нова вонредна состојба во траење од 14 дена поради кризата со коронавирусот (Ковид-19), а како причина за тоа го наведе спроведувањето на економско-социјалните мерки.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın