свет, Коронавирус

Билансот на починати од Ковид-19 во САД надмина 100.000

Во САД, во последите 24 часа, бројот на заразени е зголемен за 20.481 и изнесува 1.728.964

Islam Doğru  | 27.05.2020 - Обновена : 28.05.2020
Билансот на починати од Ковид-19 во САД надмина 100.000

ЊУЈОРК (AA) – Во Соединетите Американски Држави  (САД) во последните 24 часа од коронавирусот починаа 839 лица, односно од почетокот на пандемијата вкупно 100.686, јавува Агенција Анадолија (АА).

САД и понатаму се земја со најмногу потврдени случаи и смртни случаи предизвикани од Ковид-19.

Податоците на интернет страницата „Worldometer“, на која се достапни информации за епидемиолошката ситуација во светот, покажуваат дека во САД, во последите 24 часа, бројот на заразени е зголемен за 20.481 и изнесува 1.728.964.

Во изминатите 24 часа од вирусот Ковид-19 починаа 839 лица, со што вкупната бројка на починати се зголеми на 100.686.

По САД, според бројот на заразени, следат Бразил (со 394.507 случаи), Русија (370.680), и Шпанија (283.339).

Од друга страна, иако бројот на заразени се намалува, Њујорк и понатаму останува епицентар на вирусот во САД.

Во таа сојузна држава досега се потврдени 373.622 случаи на коронавирусот, а починаа 29.451 лица.

Следуваат Њу Џерси со над 157.000 случаи на заразени од Ковид-19 и Илиноис со повеќе од 113.000 случаи.

Досега во земјата направени се 15.550.000 тестирања, а од вирусот оздравеа над 480.000 заразени.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın