Besar Ademi
06 Февруари 2017•Ажурирај: 07 Февруари 2017
СКОПЈЕ (AA) – Во просториите на Стопанската комора на Македонија денес беше претставена „Иницијативата за поврзување на претприемачите од малите земји“, иницијатива којашто како една од главните цели го има зголемувањето на директната економска соработка меѓу малите земји (земји под 10 милиони жители), односно меѓу земјите-членки на ЦЕФТА (Договор за слободна трговија во Централна Европа), јавува Anadolu Agеncy (AA).
Од Стопанската комора на Македонија велат дека освен тоа што условите за бизнис климата во малите земји е незадоволителна и се разликуваат од оние во големите земји, следната пречка, воедно и најголема за развој на бизнис климата во малите земји, е недоволната инфраструктурна поврзаност на регионот.
Оперативниот директор на Стопанската комора на Македонија, Елена Милевска-Штрбевска рече дека големите држави и нивните деловни субјекти ја користат моќта на државата во која се наоѓаат на меѓународните пазари, и токму поради тоа, според неа, ги стават во понеповолна положба малите држави и нивните деловни субјекти.
„Во целиот изминат период ги правевме консултациите заради развој на оваа иницијатива констатиравме дека интеграцијата на земјите од регионот, кои всушност се мали земји, не се на задоволнително ниво интеграциите, и Балканот е слабо поврзан регион. Меѓу условите што спаѓаат тука, и на коишто би требало да се работи, се заедничкото планирање на структурата, заедничкиот настап за привлекување на меѓународните инвеститори, како и обезбедување услови за заштита на овие инвестиции“, изјави Милевска-Штрбевска.
Идејата за оваа иницијатива потекнува од еден лански состанок на коморите на регионот, а првиот чекор кон реализација се очекува да биде организирање на еден ист состанок во Скопје, по повод одебележувањето на 95 години од коморското организирање и работење во Македонија.
Инаку, земјите-членки на ЦЕФТА се Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина и Молдавија. Овие земји преку договорот на ЦЕФТА имаат за цел да се олеснат процесите за членство во Европска Унија, како и интензивирање на нивната трговија на меѓународните пазари.