Hakan Ceyhan Aydoğan
06 Октомври 2016•Ажурирај: 06 Октомври 2016
МОСКВА (АА) - Русија информираше дека ги прекинува договорите за соработка со САД за развој во науката, енергијата и во нуклеарната област, јавува Anadolu Agency (AA).
Прес-службата на Советот на министри на Русија соопшти дека го прекинуваат договорот за меѓусебна соработка меѓу Русија и САД, потпишан на 16 септември 2013 година.
Министерот за надворешни работи на Русија информираше дека откако Вашингтон ќе ги исполни условите од договорот, соработката ќе може да продолжи на договорените полиња.
Претходно претседателот на Русија, Владимир Путин ја потпиша одлуката со која се прекинува договорот меѓу Русија и САД за уништување на резервите од плутониум.
Рускиот претседател навел дека причина за прекин на договорот за уништување на плутониумот се „фундаменталните промени кои се случуваат во новонастанатите услови и непријателското однесување на САД кон Русија, со кои се упатуваат закани кон стратешката безбедност“.