Ivana Ramadanova
25 Октомври 2017•Ажурирај: 26 Октомври 2017
СКОПЈЕ (АА) - Почнувајќи од денес, па сѐ до 29 октомври, во ВИП арената на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, љубителите на технологијата ќе можат да го посетат 43. Mеѓународен саем – ТЕХНОМА 2017 и 37. Меѓународна изложба на иновации – МАКИНОВА 2017, јавува Anadolu Agency (AA).
Програмската шема на годинешното саемско претставување е богата и опфаќа повеќе индустриски гранки, така што гoлeми, средни и мали дoмaшни и стрaнски прoизвoдитeли од oблaстa нa мeтaлургиjaтa, eлeктрoтeхникaтa, енергетиката, нeмeтaлитe, грaдeжништвoтo, обезбедувањето и заштитата ќе бидат дел од оваа манифестација.
На отворањето на саемот се обрати вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, кој истакна дека значењето на оваа манифестација за македонската економија е големо, а тоа го докажува и самото опстојување на манифестацијата цели 43 години.
„Македонската Влада и понатаму ќе ги поддржува ваквите манифестции и ќе биде посветена на поддршка на економијата во целост, а оваа манифестација е еден дел од таа поддршка во којашто ние не учествуваме директно, меѓутоа, со сите капацитети што ги имаме, во иднина би ја поддржале како манифестација“, рече Анѓушев.
Во текот на петте саемски дена, повеќе од 120 компании индиректно ќе се претстават преку 60 директни учесници, на околу 4.000 м2 изложбена површина.
Во организација на „Скопски саем“ паралелно со „Технома“ ќе се одржи и 37. Меѓународна изложба на иновации – МАКИНОВА 2017, каде што компаниите ќе ги претстават и ќе ги промовираат своите иновативни производи и методи.
Традиционално, на „Технома 2017“ ќе се претстават и националните економии на многу земји, покраини и региони, а за зголемување на соработката ќе бидат организирани стручни програми и Б2Б средби.