Ata Ufuk Şeker
24 Октомври 2017•Ажурирај: 24 Октомври 2017
БРИСЕЛ (АА) - Кралската ковачница на пари на Белгија соопшти дека од вчера е ставен крај на прозиводството на монети, пренесува Anadolu Agency (AA).
Белгиската федерална власт соопшти дека во рамките на мерките за штедење, од вчера ставиле крај на производството на железните пари.
Во соопштението се наведува дека 43 вработени на ковачница на пари ќе бидат вработени во различни сектори во Министерството за финансии.
Кралската ковачница на пари на Белгија од 1832 година беше одговорна за печатење на парите кои се користат во земјата. Ковачницата на пари по преминување од белгиски франци во евра можеше да произведува само монети.
Банкнотите се ставаат во оптек во земјите членки на ЕУ кои ја користат паричната единица, евра, од страна на Централната Европска Банка.
Во паричната единица, евро, постојат монети од 1, 2 , 5, 10, 20 и 50 центи, како и 1 евро и 2 евра.