Süha Gür
10 Јули 2018•Ажурирај: 11 Јули 2018
САНКТ ПЕТЕРБУРГ (AA) - Фудбалската репрезентација на Франија е првиот финалист на овогодинешното Светско првенство во Русија, јавува Anadolu Agency (AA).
Франција во полуфиналниот меч, одигран на стадионот Санкт Петербург со резултат 1:0 ја совлада селекцијата на Белгија.
Во првиот дел од играта имаше неколку солидни шанси на двете страни, но без погодоци, а полувремето заврши со резултат 0:0.
Репрезентацијата на Франција во 51 минута поведе со голот на Самуел Умтити кој постигна погодок по одличната асистенција на Ентони Гризман.
До крајот на мечот имаше уште неколку шанси, посебно за Белгија, но Французите сепак успеа да ја сочуваат предноста и да изборат за пласман во финалето.
Во вториот полуфинален меч во среда од 20 часот ќе играат Англија и Хрватска.
Финалниот меч на Светското првенство во Русија се игра во недела од 17 часот, а мечот за трето место во сабота, на 14 јули.