Fuat Kabakçı
22 Октомври 2017•Ажурирај: 22 Октомври 2017
ПЕКИНГ (АА) - Кинескиот министер за човечки ресурси и социјална заштита, Јин Вејмин, соопшти дека стапката на невработеност во земјата е намалена на 3,95 отсто, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот Вејмин на прес-конференцијата одржана во рамките на 19. Национален конгрес на Кинеската комунистичка партија во главниот град на земјата, Пекинг, истакна дека во периодот од 2012 до 2017 година во градовите создадени се 63.240.000 работни места.
Истакнувајќи дека во периодот од јануари до септември оваа година обезбедени се работни места за 10.970.000 лица, Вејмин пренесе дека овој период се обезбедени 300.000 работни места повеќе во споредба со истиот период минатата година.
Вејмин нагласи и дека стапката на невработеност во земјата е намалена на најниската стапка забележана оваа година, односно на 3,95 отсто.