Murat Ünlü
19 Мај 2017•Ажурирај: 20 Мај 2017
ПАРИЗ (АА) - Во Франција е забележана најниска стапка на невработеноста во последните пет години, јавува Anadolu Agency (AA).
Стапката на невработеност во Франција на крајот од минатата година изнесуваше десет проценти, а во првиот квартал од 2017 година падна на 9,6, така што е најниска стапка од 2012 година наваму.
Новоизбраниот француски претседател Емануел Maкрон најави дека ќе води либерална економска политика и оти планира да воведе некои промени што со помош на Законот за труд ќе ја заживеат економијата на земјата.
Стапката на невработеност во Германија, најважниот партнер на Франција во Европската Унија (ЕУ), е четири проценти.