Tuba Şahin
10 Март 2021•Ажурирај: 11 Март 2021
АНКАРА
Стапката на невработеност во Турција во јануари изнесуваше 12,2 отсто, што за 0,4 процентни поени е помалку од претходниот месец, соопшти Турскиот статистички институт (ТуркСтат), пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Бројот на невработени во земјата на возраст од 15 и повеќе години се намали за 1.000 на 3,9 милиони во јануари 2021 година, во споредба со декември 2020 година“, се вели во соопштението.
Од јануари, ТуркСтат направи измени во истражувањето на работната сила во домаќинствата во согласност со нормите на Меѓународната организација на трудот (ILO) и Европската Унија (ЕУ).
Во рамките на измените, статистиката за работната сила се промени од тримесечни проценки на независна месечна проценка.
Стапката на вработеност исто така се искачи за 1,2 процентни поени на месечно ниво, на 43,8 отсто или 27,7 милиони луѓе.
Стапката на учество на работната сила овој јануари достигна 49,9 отсто, што е за 1,2 процентни поени повеќе од декември 2020 година.