Gökhan Ergöçün
31 Декември 2021•Ажурирај: 01 Јануари 2022
ИСТАНБУЛ
Според официјалните податоци објавени денеска, извозот на Турција забележа годишен пораст од 33,7 отсто, при што достигна 21,5 милијарди долари, додека увозот се зголеми за 27,3 отсто и достигна 26,9 милијарди долари, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Надворешнотрговскиот дефицит на земјата се зголеми за 6,9 отсто на годишна основа до околу 5,4 милијарди долари во ноември“, објави Турскиот статистички институт (TurkStat).
Соодносот на покриеност на извозот и увозот во ноември изнесува 79,8 отсто.
Без трговијата со енергија и злато, извозот на Турција изнесуваше 19,9 милијарди, а увозот, 20,2 милијарди долари.
„Надворешнотрговскиот дефицит -- без енергетски производи и немонетарно злато -- изнесуваше 315 милиони долари во ноември“, објави ТуркСтат.
Во периодот јануари - ноември, извозот на Турција се зголеми за 33,8 отсто на годишно ниво и достигна 203,1 милијарда долари, додека увозот е зголемен за 23 отсто на 242,44 милијарди долари.
Трговскиот биланс во текот на 11-месечниот период забележа дефицит од 39,35 милијарди долари, што е намалување за 13,2 отсто во однос на истиот период 2020 година.
„Извозот го покрива увозот со 83,8 отсто, додека во периодот јануари - ноември 2020 година изнесуваше 77,0 отсто“, се додава.