Jeyhun Aliyev
31 Декември 2021•Ажурирај: 31 Декември 2021
АНКАРА
Турските безбедносни сили неутрализираа петмина терористи на ЈПГ/ПКК во северна Сирија, соопшти турското Министерство за национална одбрана, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Терористите се неутрализирани во операција спроведена во регионот на операцијата „Извор на мирот“ против терористите кои го убија Џихан Ѓокаја, персонал на турската Државна хидраулична компанија“, објави Министерството на Твитер.
„Нашите операции во регионот продолжуваат“, се додава во ова соопштение.
Министерството, исто така, објави и снимка од операцијата.
Од 2016 година Анкара реализира три успешни прекугранични антитерористички операции во Сирија за да превенира формирање терористички коридор и да овозможи мирна средина за жителите. Тоа се операциите „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019).
Во терористичката кампања против Турција, што трае повеќе од 35 години, терористичката организација ПКК, која е на листата на терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија, одговорна е за смртта на најмалку 40.000 луѓе, жени, деца и доенчиња.