Турција, економија

Турската економија порасна за 2% во првиот квартал

Бруто-домашниот производ (БДП) по тековните цени скокна за 36,7% на 12,12 билиони турски лири (335,5 милијарди долари) во периодот јануари-март во споредба со овој период минатата година, соопшти ТуркСтат

Gökhan Ergöçün  | 30.05.2025 - Обновена : 02.06.2025
Турската економија порасна за 2% во првиот квартал

ИСТАНБУЛ (АА) - Турската економија порасна за 2% во првиот квартал од оваа година во однос на минатата година, објави денес Турскиот институт за статистика (ТуркСтат), јавува Анадолу.

Бруто-домашниот производ (БДП) по тековните цени скокна за 36,7% на 12,12 билиони турски лири (335,5 милијарди долари) во периодот јануари-март во споредба со овој период минатата година, соопшти ТуркСтат.

Во четвртиот квартал од минатата 2024 година турската економија порасна за 3% во однос на овој квартал претходната година.

Минатата недела анкетата на Анадолу предвиде дека стапката на раст на БДП на земјата ќе биде 2,17%.

На квартална основа БДП на Турција се зголеми за 7% во трите месеци до март во однос на 1,7% во претходниот квартал.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın