Gökhan Ergöçün
02 Мај 2018•Ажурирај: 03 Мај 2018
АНКАРА (АА) - Турција, во првите осум месеци од извозната сезона, во странски земји продаде над 215.000 тони лешници, со што оствари приход од 1,36 милијарди долари, јавува Anadolu Agency (AA).
Обемот на извозот во периодот помеѓу септември 2017 и април 2018 година забележа раст од 24,6 отсто во однос на истиот период претходната година, објави денес Унијата на извозници на лешници и производи од подрачјето на Црното Море.
Според статистичките податоци на Унијата, и покрај зголемениот обем на продажба, вредноста на извозот се намалил за 4,7 отсто во однос на истиот период претходната сезона.
Над 75 отсто од извозот на лешници од Турција во овој период е реализиран во земјите на ЕУ, во износ од околу 1 милијарда долари.
Во текот на извозната сезона на 2016-2017 година, Турција извезе речиси 236.000 тони лешници, со што оствари приход од 1,88 милијарда долари.
Турција е најголемиот извозник на лешници во светот.