Satuk Buğra Kutlugün
07 Мај 2018•Ажурирај: 08 Мај 2018
ПАРИЗ (АА) - „’Air France-KLM‘ (Ер Франс-КЛМ) е во опасност да згасне поради серијата континуирани штрајкови“, изјави денес францускиот министер за економија, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Важно прашање токму сега е дека на компанијата ѝ се заканува опасност од згаснување доколку не преземе неопходни чекори за да биде поконкурентна“, изјави францускиот министер за економија, Бруно Ле Мер, за францускиот канал BFM, предупредувајќи за последиците од штрајковите доколку продолжат.
Во соопштението на својата веб-страница „Ер Франс“ истакна дека закажаните летови ќе бидат прекинати поради „штрајкот на неколку синдикати на персоналот на „Ер Франс“ во понеделник и вторник“.
Компанијата соопшти дека иако продолжува со летовите на долги релации, не се исклучуваат одложувања или откажувања на летовите во последен момент.
Во петокот извршниот директор на „Ер Франс-КЛМ“, Жан-Марк Жанаилак, ја предаде својата оставката на Извршниот одбор откако вработените ја одбија конечната понуда за плати од него.
Со понудата беше предвидено платите да се зголемат за 7 отсто во текот на период од четири години.
„Ер Франс-КЛМ“ соопшти дека во првиот квартал од годината има нето-загуба од 269 милиони евра.