Övünç Kutlu
16 Јуни 2022•Ажурирано: 17 Јуни 2022
АНКАРА (АА) - Годишната инфлација во Италија се зголеми на 6,8 проценти во мај, нејзиното највисоко ниво во повеќе од 23 години, покажуваат официјалните податоци објавени денеска, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според Националниот институт за статистика на Италија (ISTAT), ова е највисокиот годишен скок откако земјата го усвои еврото во 1999 година.
Очекувањата на пазарот за бројката беа да достигне 6,9 проценти.
Годишната инфлација во Италија во април изнесуваше 6 проценти.
Раната проценка на ИСТАТ на крајот на минатиот месец укажа на пораст на годишната инфлација од 6,9 проценти во мај.
На месечно ниво, индексот на потрошувачките цени во мај порасна за 0,8 проценти.
Цените на енергијата се зголемија за 42,6 проценти на годишно ниво, според ИСТАТ.
Инфлацијата, без енергијата, изнесуваше 3,6 проценти, додека базичната инфлација, без енергијата и храната, изнесуваше 3,2 проценти.
Италијанската економија доживеа раст за 6,2 проценти во првиот квартал на 2022 година на годишна основа.
Италија, трета по големина економија во еврозоната, имаше бруто-домашен производ од 1,89 билиони долари во 2020 година.