Alaattin Doğru
15 Јуни 2022•Ажурирано: 15 Јуни 2022
АНКАРА (АА) - Инфлацијата во Франција во мај достигна највисоко ниво во последните 37 години со 5,2 отсто на годишна основа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на францускиот Национален институт за статистика и економски истражувања (INSEE), зголемувањето на цените на производите продолжи и минатиот месец.
Инфлацијата во земјата во мај достигна 5,2 отсто на годишна основа. Растот на инфлацијата достигна највисоко ниво од 1985 година. Најголем пораст е забележан кај цените на енергијата со 27,8 отсто.
Во соопштението на ИНСЕЕ, исто така, се наведува дека ќе продолжи зголемувањето на цените во услужниот сектор, храната и текстилните производи.
Меѓу другото, се наведува дека инфлацијата предизвикана од гасната криза во Европа предизвикала поскапувања во Франција, како и во другите европски земји.
Забележано е зголемување на цените кај сместувањето и храната, а значително забавување на зголемување на цените е регистрирано кај транспортот, здравствените и комуникациските услуги.