економија

Скопје: Владата го промовираше Проектот за проектирање и поставување фотоволтаични системи

„На барање на Владата, Европската Унија се согласи да обезбеди 15,5 милиони евра за развој на руралната инфраструктура“, рече Заев и додаде дека вкупниот износ на програмата, вклучувајќи го и кофинансирањето на Владата, изнесува 20,6 милиони евра

Husamedin Gina  | 06.12.2019 - Обновена : 08.12.2019
Скопје: Владата го промовираше Проектот за проектирање и поставување фотоволтаични системи (Foto: Husamedin Gina/ Anadolu Agency)

СКОПЈЕ (АА) – Претседателот на Владата на Северна Македонија, Зоран Заев, и министерката за финансии, Нина Ангеловска, денеска на заедничка прес-конференција го промовираа Проектот за проектирање и поставување фотоволтаични системи, јавува Агенција Анадолија (АА).

Истакнувајќи дека најтемелните реформи во Северна Македонија се реализираат во енергетскиот сектор, премиерот Зоран Заев рече денеска го промовираат поставувањето на фотоволтаични системи во 36 општини и на 108 јавни објекти, со цел зголемување на производството на електрична енергија од обновливи избори.

„На барање на Владата, Европската Унија се согласи да обезбеди 15,5 милиони евра за развој на руралната инфраструктура“, рече Заев и додаде дека вкупниот износ на програмата, вклучувајќи го и кофинансирањето на Владата, изнесува 20,6 милиони евра.

„Вкупната заштеда на средства за сите 108 објекти годишно може да изнесува околу 190 илјади евра. Според очекуваните заштеди за плаќање на сметките за струја, кај јавните правни субјекти инвестицијата се враќа за 7,5 години“, истакна Заев, додавајќи дека географската позиција на Северна Македонија и климата нудат одлична перспектива за користење на Сончевата енергија.

Министерката за финансии, Нина Ангеловска, истакна дека во целиот свет е зголемено користењето на Сончевата енергија од фотоволтаични системи, бидејќи технологиите се усовршуваат, а материјалните трошоци се намалуваат.

„Соларната енергија е примарен извор на обновлива енергија и особено важен за неразвиените земји", рече министерката Ангеловска која додаде дека Северна Македонија како сончева земја треба да го искористи овој извор за генерирање на енергија, која секако е и поевтина, а и ефектите се двонасочни.

Проектот за проектирање и поставување фотоволтаични системи е имплементиран од страна на Министерството за финансии со средства од ЕУ за развој на руралната инфраструктура, во соработка со Светската банка како посебен сегмент за ИПА рурални инвестиции во рамките на проектот за подобрување на општинските услуги.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.