Burak Bir
29 Ноември 2019•Ажурирај: 30 Ноември 2019
АНКАРА (АА) - Денешниот „Црн петок“, кој го означува почетокот на сезоната на празнично купување, е критикуван поради поттикнувањето на потрошувачката, што ќе доведе до поголема употреба на фосилни горива и оштетување на животната средина, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Црн петок“ - неофицијалното име за петокот по Денот на благодарноста, вообичаено четвртиот четврток во ноември, се смета за почеток на сезоната на празнично купување во САД од 1952 година.
Во текот на изминатите години, сепак, тој стана глобален феномен, со понудени огромни попусти на разни производи, привлекувајќи стотици и милиони купувачи.
Но, покрај критиките за материјализмот, денот е критикуван и од еколозите, бидејќи консумирањето на повеќе материјали ја храни растечката побарувачка за фосилни горива и така ѝ нанесува поголема штета на животната средина.
„Потрошувачката доведува до потреба од пристап до повеќе основни материјали кои можат да се добијат или одгледуваат, а во двата случаи, потребни се фосилни горива за добивање на овие материјали“, тврди еден научник за животна средина, кој до неодамна беше врвен советник за наука на британската Влада.

„Потрошувачката на материјали се забрзува и, додека ние заменуваме одредена употреба на фосилни горива со извори на обновлива енергија, не градиме капацитети за обновлива енергија доволно брзо за да престанеме со континуиран пораст на потрошувачката на фосилни горива, и со тоа на производство на стакленички гасови“, изјави за АА Иан Ламонт Бојд, биолог на шкотскиот Универзитет „Свети Ендрјус“.
Нарекувајќи го денот „уште еден трик“, тој рече дека Црниот петок ја охрабрува потрошувачката на работи што на луѓето не им требаат, па дури и не ги сакаат.
Велејќи дека постигнувањето на нето-нула јаглерод е тешко без намалување на потрошувачката, Бојд истакна дека за да се постигне напредок кон декарбонизацијата, треба да се декарбонизираат цели синџири на снабдување.
„Доколку природните системи што минуваат низ државната транзиција може да се користат за да управувааат со нашето размислување за тоа како нашите економии и начини на живот ќе бидат погодени, тогаш треба да очекуваме зголемена фреквенција на екстремни настани, вклучувајќи катастрофи поврзани со климата, како што се поплави и топлотни бранови“, предупреди тој.
„Кога ваквите катастрофи растат, тоа може да предизвика социјална и политичка нестабилност и да ја разгори геополитичката напнатост“, додаде тој.
- Данок за намалување на употребата на фосилни горива -
Со цел да се реши проблемот со прекумерната потрошувачка и ослободувањето на повеќе јаглерод, Бојд предложи владите да воведат ефективно оданочување, вклучувајќи данок на јаглерод за да ја намалат потрошувачката.
„Ова може да се воведе на најмало ниво, но да се зголеми во текот на следната деценија за сериозно да се казни потрошувачката на фосилни горива и други потенцијално штетни материјали“, предложи тој.
Водени од ваквите грижи и цели, многу еколози денеска, 29 ноември, ќе го бојкотираат денот и ќе учествуваат во Глобалниот штрајк за климата низ целиот свет.
На Глобалниот штрајк за климата на 20 септември оваа година, се одржаа повеќе од 6.100 настани во 185 земји, со поддршка на 73 синдикати, 820 граѓански организации, 3.000 компании и 8.500 веб-страници, настан кој се поздрави како најголема мобилизација досега за климата со учество на 7,6 милиони луѓе.