Elena Teslova
22 Јули 2020•Ажурирај: 23 Јули 2020
МОСКВА
Русите се обидуваат да патуваат во Турција за време на одморите и покрај забраната за меѓународни летови поставена поради пандемијата на коронавирусот (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).
Поминувајќи ја границата со Белорусија преку шума или со потврда за лекување, Русите се обидуваат да летаат за Турција.
По воведување на карантин во Русија во април, експертите на туристичката компанија „Aviasales" забележале пораст во барањата за летови од најголемиот меѓународен аеродром во Минск до Турција.
По проверката на нивната IP адреса, тие откриле дека поголемиот дел од барања за летови биле направени од корисници од Русија.
Од средината на мај, веднаш по попуштањето на мерките на ограничување во Русија, корисниците на „Aviasales" започнаа активно да бараат можност за летање во Турција преку Белорусија.
До средината на јуни, барањата од руските IP адреси ги надминаа пребарувањата направени од Белорусија, а по објавувањето за продолжување на воздушниот сообраќај меѓу Русија и Турција, дојде до четирикратен скок на барањата од Русија.
Корисниците се заинтересирани за летови кон Истанбул, Анталија, Даламан, Измир и Бодрум, иако сè уште нема директни летови до овие турски дестинации.
Летовите од Белорусија кон Турција продолжија на 1 јули, но цената на авионските билети во моментов е повисока од вообичаено, при што еднонасочното патување од Минск до Истанбул на директен лет на „Туркиш ерлајнс“ чини околу 34.000 рубли (речиси 485 долари).