Dmitri Chirciu
01 Март 2022•Ажурирај: 01 Март 2022
КИЕВ (АА) - Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, рече дека небото треба целосно да се затвори за руските ракети, авиони и хеликоптери, нагласувајќи дека за 5 дена врз Украина извршени се 56 ракетни напади, јавува Агенција Анадолија (АА).
Зеленски на снимката што ја сподели на неговиот канал на „Телеграм“ даде изјава за војната меѓу Русија и Украина.
Наведувајќи дека руската Армија силно го нападнала градот Харков со проектили, Зеленски порача: „Никој во светот нема да ги прости убивањата на мирните Украинци. Ова е Украина. Ова е Европа. Ова се случува во 2022 година.“
Зеленски, потенцирајќи дека Русија треба да биде запрена, рече: „Небото мора да биде целосно затворено за руските ракети, авиони и хеликоптери. За 5 дена извршени се 56 ракетни напади врз Украина, лансирани се 113 крстосувачки ракети.“
Меѓу другото, украинскиот претседател истакна дека Русија ја има за цел електраната во Киев.