Ahmet Özler
31 Јануари 2022•Ажурирај: 02 Февруари 2022
КАРАБУК (АА) - Турскиот историски град Сафранболу, кој одигра значајна улога во караван-трговијата во доцниот среден век, угости 1,15 милиони туристи во 2021 година, 23 пати повеќе од неговото население, јавува Агенција Анадолија (АА).
УНЕСКО го гледа градот како еден од 20-те најдобро зачувани градови низ светот, а туристите таму се собираат за да ги видат карвансараите, бањите, џамиите, фонтаните, мостовите и куќите од периодот на Османлиите.

Со место на листата на УНЕСКО за светско наследство, Сафранболу привлекува домашни и странски туристи.
Во последните две години се забележува голем пад на туристите како резултат на пандемијата, но со процесот на нормализација, работите се подобруваат.

Себнем Урганџиоглу Ергудер, претседателка на Здружението на туристички оператори Сафранболу, рече дека околу 165.000 туристи престојувале во градот во 2021 година, што е речиси 40 проценти повеќе споредбено со 2020 година. Оваа бројка не ги вклучува туристите кои дошле на еднодневни патувања од блиските градови.
„Се надевам дека нема да видиме нова (Ковид-19) варијанта. Луѓето се заситени од седење дома две години. Ги одржуваме нашите надежи за 2022 со големи очекувања“, рече таа. „Очекуваме огромен бум (во туризмот).“