Ali Kemal Akan,Alper Atalay
11 Ноември 2020•Ажурирај: 12 Ноември 2020
АНКАРА
Пораките и изјавите на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, во врска со новите економски политики дадени на состанокот на пратеничката група на АК Партијата, нудат можности за меѓународните инвеститори, јавува Агенција Анадолија (АА).
Соодветно на тоа, во време кога светот поминува низ историски процес од аспект на политиката и економијата, Ердоган има за цел Турција да се развива и издигнува во согласност со поставените цели.
Економските политики се засноваат на „стабилност на цените“, „финансиска стабилност“ и „макроекономска стабилност“.
Покрај тоа, ќе се подготви поволно опкружување за долгорочни заштеди и инвестиции и ќе се обезбеди здраво, одржливо и силно продолжување на растот и на вработувањето.
Во економијата ќе се обезбеди структура на раст што ќе создаде квалификувано вработување, која нема да предизвика инфлација и дефицит и која ќе се финансира главно од домашни заштеди и директни меѓународни инвестиции.
За ова, ќе се зајакнат макроекономските темели и институционалниот квалитет, а исто така ќе се заснова работна средина на доверба и стабилност.
Турција за домашните и меѓународните инвеститори ќе биде атрактивен центар со мал ризик, голема доверба и задоволителна заработка.
Исто така, во економскиот менаџмент ќе се зајакнат координацијата и хармонијата.
Благодарение на ефективните механизми за донесување одлуки, макроекономската стабилност ќе се зајакне со зголемување на хармонијата помеѓу монетарната и фискалната политика.
- Ќе им се овозможи поддршка на домашните и на меѓународните инвеститори што ќе се потпрат на турската лира
Во претстојниот период, ќе се фокусира на стекнување доверба и кредибилитет во економските политики, а ризик-факторот на земјата ќе биде намален.
Ќе им се овозможи поддршка на домашните и на меѓународните инвеститори што ќе се потпрат на турската лира.
Покрај тоа, целта е граѓаните да штедат во турски лири.
Ќе се соработува со домашните и со меѓународните инвеститори и ќе им биде понудено директно да инвестираат во Турција. Во овој процес ќе бидат вклучени сите страни во економијата, а ќе се одвива во тесна соработка со сите невладини организации. Ќе се одржат серија состаноци со меѓународни инвеститори и ќе им бидат пренесени можностите за инвестиции.
Во време на епидемија на коронавирусот, значајни се и инвестициските програми кои на преден план ќе ја истакнат Турција. Соодветно на тоа, од една страна Министерството за финансии и Централната банка, од друга страна, реалниот сектор со Министерството за трговија, Министерството за индустрија и технологија и другите министерства, заедно со деловните луѓе на Турција, ќе овозможат да се направи нов економски скок.
Ќе започне нова мобилизација насочена кон стабилност, раст и вработување.
- Утврдување на инфлацијата
Во овој процес ќе се работи на утврдување на инфлацијата.
Претседателот Реџеп Таип Ердоган, во своите пораки во врска со инфлацијата, рече:
„Патот до одржлив силен раст и раст на вработеноста поминува низ одржување на стабилност на цените, со други зборови, држење на инфлацијата под контрола. Обврска е каматните стапки да се задржат барем на ниво на инфлацијата, а тоа ја отежнува нашата борба кон ова прашање. Како што кажував секогаш, кажувам и сега, ова никогаш да не го заборавиме. Каматата е причина, инфлацијата е резултат, и ова ќе го постигнеме. Се надевам дека ќе ја надминеме пречката тука и дополнително ќе ја намалиме инфлацијата. За ова, решени сме да ја намалиме инфлацијата на едноцифрена бројка што е можно поскоро, а потоа постепено да ја намалуваме на нашите среднорочни цели.“
„Исто така, имаме за цел да работиме на зајакнување на владеењето на правото. Соодветно на тоа, во следните месеци ќе бидат преземени нови чекори во зајакнувањето на владеењето на правото, предвидлив, лесно достапен, брз и ефикасен судски систем.“
Покрај тоа, структурните реформи ќе бидат подготвени во области како што се подобрување на инвестициското опкружување, зголемување на длабочината на финансиските пазари, зголемување на квалитетот на јавните приходи и расходи и спречување на сивата економија.
Планирано е да се подобри климата за инвестиции на позитивен начин со внимателно следење на законодавната регулатива и недостатоците што постојат во спроведувањето.