Gökhan Ergöçün
20 Јули 2022•Ажурирај: 21 Јули 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Годишната стапка на инфлација во Велика Британија во јуни изнесуваше 9,4 отсто, што претставува највисоко ниво на инфлација во земјата во последните 40 години, јавува Агенција Анадолија (АА).
Заводот за статистика на Велика Британија соопшти дека годишната инфлација била највисока од февруари 1982 година, според индикативните моделирани проценки за инфлацијата на потрошувачките цени.
Стапката на инфлација во мај изнесуваше 9,1 отсто на месечна основа, додека цените во јуни, исто така, пораснаа за 0,8 отсто.
„Растот на цените на моторните горива и храната имаа најголем нагорен придонес за промената“, се наведува во извештајот на британскиот Завод за статистика.